Најмалку три лица загинаа, а исто толку се повредени во сообраќајка во близина на Бечеј

Од:

Околу 13 часот во близина на Бечеј се случи тешка сообраќајна несреќа при што две патнички возила директно се судриле. Во несреќата загинаa неколку лица.

„Има повредени. Противпожарните екипи од Бечеј, Србобран и Нови Сад се на терен. Сообраќајот е во целосен застој“, велат истражителите.

Дел од патниците останале заробени во згмечените возила.

Според последните информации три лица загинале, а тројца се тешко повредени, јавува порталот НС во живо.

Автомобил „цитроен“ и автомобил „фолксваген голф“ директно се судриле, а двата автомобили по сударот завршиле во канал покрај патот.

На местото на настанот се присутни повеќе амбулантни возила и пожарникари, а сообраќајот е во целосен застој.

Како се случила сообраќајната несреќа ќе се знае по истрагата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран

Трагедија во Иран: Загинаа 20 одбојкарки, бомби паднаа среде натпревар

Црна иранска статистика: До денес убиени се 555 лица, нападнат е 131 град

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ