Најмалку шест лица се повредени во одделни, но истовремени експлозии во седиштата на прокурдската Народна демократска партија во Адана и Мерсин, јавува Ал Џезира Балкан.
Турските медиуми пренесуваат дека шест лица се повредени во канцеларијата на прокурдската партија во Адана, кога експлодирал пакет кој бил испорачан до партијата.
Шефот на полицијата во Мерсин, Рахми Бастуг потврди дека втората експлозија се случила во кујната во просториите на таа партија. Но засега нема информации за повредени и евентуални жртви во овој инцидент, кој се случува пред одржувањето на парламентарните избори во Турција, закажани на 7 јуни.