Најдобриот турски пијанист на суд за навреда на исламот

Од:

Познатиот турски пијанист Фазил Сеј се појави на суд во Истанбул, а обвинет е за поттикнување омраза и навреда на вредностите на муслиманите.

Тој е обвинет поради постови на Твитер во кои ги исмејува радикалните муслимани, случај којшто ги разгоре грижите за религиозните влијанија во земјата. Сеј, којшто ги одрекува обвиненијата, вели дека е изненаден што мора да се појави пред суд.

Обвинителите во јуни оваа година ги поднесоа обвиненијата против Сеј. Тој се соочува со затворска казна од максимум 18 месеци, иако дописниците велат дека најверојатно казната ќе му биде суспендирана.

Еден од постовите поради кои е обвинет вели: „Не знам дали сфативте, ама доколку се појави некој крадец, измамник или невреден човек, секогаш се работи за исламист“.

Десетици негови обожаватели се собраа пред судницата за да му дадат поддшка, а со себе носеа банери на коишто пишуваше: „Оставете ги уметниците на мир“.

Фазил Сеј настапуваше со њујоршката филхармонија, берлинскиот симфониски оркестар, а беше и амбасадор на културата на ЕУ.

Егемен Багис, турскиот министер за врски со ЕУ, рече дека обвиненијата против Фазил треба да се отфрлат, а за постовите на Твитер вели дека се негово право на изразување, но и го критикуваше за навредување на вербата и вредностите на луѓето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски