Најденов: Бугарија и Грција заедно против Македонија и Турција

Од:

Бугарија и Грција треба да се обединат за да се справата со конкуренцијата во земјоделството што доаѓа од земјите соседи Македонија и Турција, повика бугарскиот ресорен министер Мирослав Најденов.

Според Најденов, кој викендот го посети саемот „Зоотехна“ во Солун, Македонија и Турција се уште не се членки на ЕУ поради што не се задолжени да ги спроведуваат европските закони, а воедно уживаат и привилегии во однос на агросекторот што ги немаат земјоделците во Унијата.

– Соседи сме со Грција и нашата амбиција е да овозможиме поголема заедничка размена, нагласи Најденов.

На долгоорочен план, додаде, освен зголемувањето на конкурентноста, голем предизвик се и климатските промени особено ако се земе предвид дека во регионот веќе е евидентен недостигот од вода.

Најденов повика на интензивирање на трговската размена меѓу Бугарија и Грција преку поголем извоз на бугарски жита во Грција, а поголем увоз на грчко овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме