Над пет милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата

Од:

За 24 отсто се зголемил бројот на починати од Ковид-19 во Грција во изминатата седмица, а бројот на заразени се намалил за седум проценти, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), додека пак во земјата, од почетокот на пандемијата, потврдени се над пет милиони случаи на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 3 до 9 октомври 2022 година се регистрирани 51.184 случаи на Ковид-19, од кои 23 отсто се реинфеции, починаа 109 лица, а 21 (19 отсто) од нив, починале најмалку 29 дена од првиот позитивен тест.

Во конкретниот период биле направени 700.628 тестови, со стапка на позитивност 7,31 отсто, наспроти 7,85 проценти една седмица претходно.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.026.494 случаи на Ковид-19, а починаа 33.313 лица.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина