Над 66.000 државни службеници во Турција отпуштени од работа по обидот за пуч

Од:

Бројот на државни службеници во Турција, кои се отпуштени од работа по обидот за преврат, надмина 66.000 лица, јави ТАСС.

Според податоци на агенцијата Анадолија, досега се отпуштени 66.036 лица, од кои, околу 43.000 вработени во Министерството за образование, околу 8.800 во Министерството за внатрешни работи, скоро 5.600 од Министерството за здравство, 1.500 од Министерството за финанции и скоро 1.100 лица од Дирекцијата за верски прашања и Министерството за труд и социјална политика.

Во Министерството за надворешни работи се отпуштени 88 лица, 560 луѓе од Министерството за наука, индустрија и технологии и од Министерството за транспорт, навигација и комуникации 529 лица.

Отпуштени се и 300 луѓе од државното радио и телевизија, 29 од Високиот совет за радио и телевизија и 29 од сателитскиот оператор „Турксел“.

Мала грипа од турската армија изведе обид за воен преврат на 15 јули, во кој беа убиени 290 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ