(ВИДЕО) Над 440 лица евакуирани во Србија поради поплавите

Од:

Бројот на луѓе, евакуирани поради поплавите во Србија достигна 440 лица, а досега нема жртви, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби при српското МВР Предраг Мариќ.

Тој истакна дека поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија е отежнато и снабдувањето со вода за пиење во загрозените реони.

Поради новонастанатата ситуација денеска во Белград ќе заседава штабот за вонредни состојби, кој ќе биде претседаван од премиерот во оставка Ивица Дачиќ.

Сите основни кризни точки – Куршумлија, Прокупље, Лучани и Заечар, кои во изминатите денови беа загрозени од поплавите, се забележува стабилизирање на нивото на водата, додаде Мариќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ