Началникот на Генералштабот на грчката армија поднесе оставка

Од:

Началникот на Генералштабот на грчката армија генерал потполковник Константинос Зиазиас неочекувано поднесе оставка, неколку часа пред почетокот на важната владина седница за воената политика, образложувајќи ја од „етичка причина и достоинство“.

Во соопштението од армијата се наведува дека Зиазиас ја поднел оставката во два часот по полноќ, објаснувајќи дека таа е поднесена од причини кои се поврзани со етиката и достоинството, како неговото така и на армијата. Во документот не се наведуваат детали, а владините функционери одбија да ја коментираат.

Оставката доаѓа само неколку часа пред планираната за денеска седница на Советот за надворешна политика и одбрана на Грција, предводен од грчкиот премиер Андонис Самарас.

Зиазиас беше назначен на оваа функција пред девет месеци, малку пред претходната социјалистичка влада да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он