Набљудувачите на ОБСЕ ја почнуваат мисијата за претстојните парламентарни избори во Албанија

Од:

Изборните набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја почнаа својата набљудувачка мисија за парламентарните избори во Албанија, закажани за 23 јуни, соопштија американските медиуми.

Претходните избори во Албанија беа одбележени со насилство, изборни измами и заплашувања.

Првата екипа од 15 набљудувачи на ОБСЕ пристигна во главниот град Тирана, а уште околу 400 краткорочни набљудувачи ќе пристигнат непосредно пред гласањето, изјави раководителот на мисијата Кони МакКормак.

Околу 3,3 милиони албански избирачи на 23 јуни ќе избираат 140 пратеници со четиригодишен мандат.

Двете главни партии се конзервативната Демократска партија на премиерот Сали Бериша и Социјалистичката партија на Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски