На Турците, сепак, им требаат визи за патување во ЕУ, реши Европскиот суд на правдата

Од:

Европскиот суд на правдата денеска одлучи да ја одбие тужбата на младата Турчинка, Лејла Демиркан, која се обиде да докаже дека визниот режим за влез на турските државјани во земјите на Европската унија е „илегален“ и дека „треба да се укине“.

Дваесетогодишната Демиркан ја тужеше Германија пред Судот во Луксембург затоа што германскиот Конзулат во Анкара пред пет години го одбил нејзиното барање за виза.

Таа својата тужба ја базираше на делот од Договорот за асоцијација што Турција во  1963 година го потпишала со тогашната Европска економска заедница (претходничкаата на ЕУ), според кој. некои категории турски државјани можат без визи да патуваат во десетте членки на ЕЕЗ, меѓу кои и Германија.

Демиркан, со помош на угледниот германски адвокат Ролф Гутман, се обидеа да издејствува укинување на визниот режим за Турците кои патуваат во Германија и другите девет западноевропски земји кои во 1963 година биле членки на ЕЕЗ.

Судот, меѓутоа, по двегодишно разгледување на предметот, денеска пресуди во корист на Германија, со констатацијата дека визниот режим е легален врз основа на Шенгенскиот договор.

Процесот беше следен со големо внимание во Турција, имајќи предвид земја веќе со години безуспешно се обидува да се најде на „белата“ шенгенска листа, и практично е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на чии граѓани се уште им се потребни визи за патување во Унијата.

Од друга страна, во западноевропскте земји процесот беше следен со стравување дека пресудата во полза на Демиркан може да доведе до „наплив на Турци“, бидејќи одлуките на Европскииот суд на правдата се обврзувачки.

Земјите од шенген зоната годишно одбиваат над 30.000 барања за визи на турски државјани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ