На северот на Косово за два месеца регистрирани 20 сериозни инциденти

Од:

На северот на Косово во последните два месеца се забележени дваесет сериозни инциднети што, според оценки на претставници на косовската полиција, довеле до дестабилизација на ситуацијата во овој дел од Косово.

Последниот сериозен инцидент во кој на среќа немаше жртви се случи во петокот утрината во Косовска Митровица кога непознато лице активираше експлозивна направа пред возило на локален политичар.

Претходно во понеделникот вечерта во населбата Бошњачко мааало во Косовска Митровица непознато лице активира бомба и рани две деца од српска националност.

Силна експлозија, што ги разбуди жителите на Митровица, се случи и во една од централните градски улици, а настрадаа патничкото возило под кое бил поставен експлозивот, фасадата и прозорците на околните продавници.

Регионалниот порпарол на косовската полиција Бесим Хоти за Танјуг изјави дека четири општини на северот на Косово во последните два месеца регистрираа 20 сериозни инциденти, што се квалификувани како загрозување на општата безбедност.

Во овие инциденти, рече Хоти, напаѓачите користеле експлозив, рачни бомби и различни видови огнено оружје.

Најмногу инциденти се регистрирани во северниот дел на Косовска Митровица, и тоа се случи кои влијаат врз општата безбедност на граѓаните,а косовската полиција работи на расветлување на овие криминални дела, вели тој.

Полицискиот порпарол истакнува дека, за жал, не успеале да постигнат добри резултати кога е во прашање истрагата на овие криминални дела, нагласувајќи дека ќе им биде потребна поголема поддршка на граѓаните за превентивно да реагираат.

Во повеќето случаи цел на напаѓачите се имотот на граѓаните кои на било каков начин имаат врски со локалните или со централните косовски власти, рече Хоти

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски