На Први мај за редот во Истанбул ќе се грижат 40. 000 полицајци

Од:

Турската Главна дирекција за безбедност одредила 40.000 полицајци кои на Први мај ќе се грижат за редот во Истанбул, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“, потсетувајќи дека се преземени засилени мреки за да не се дозволат митинзи на плоштадот Таксим.

Полицајците ќе бидат префрлени во Истанбул од седум окрузи, вклучувајќи ги Ерзурум, Адана и Газиантепе.

Дел од полицајците ќе носат камери, закачени на нивните шлемови, за да ги регистрираат евентуалните инциденти, а нивните снимки може веднаш да бидат испратени во полициските станици. Припадниците на редот ќе користат обоени гумени куршуми со цел провокаторите лесно да се идентификуваат при евентуалните апсења.

Работниците веќе нема да имаат ден за одмор за Први мај.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неодамна изјави дека нема да дозоволи собирања на плоштадот Таксим по повод Меѓународниот ден на трудот- 1 мај, додека синдикатите соопшштија дека ќе се обидат да организираат настан на плоштадот што се претвори во симбол на антивладините протести од јуни минатата година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ