На поплавените подрачја им се закануваат и епидемии

Од:

Нова опасност му се заканува на Балканот, додека спасувачките екипи се борат со поплавите и го евакуираат населението, огромен број на удавени животни претставуваат опасност по здравјето на луѓето.

Српската ветеринарна инспекција соопшти дека досега во земјата се уништени 140 тони трупови на животни. Инспекцијата ги предупредува граѓаните да не се справуваат сами со труповите на животните туку да ги чекаат ветеринарните екипи, кои со специјални возила ги носат животните и го дезинфицираат теренот.

Србија се согласи да ги преземе и труповите на животните од Босна и Херцеговина и покрај тоа што со Закон е забрането внесување на трупови на животни, кои се сметаат за отпад од прва категорија.

Фарма во близина на босанскиот град Шамац соопшти дека изгубила од 450 до 500 крави.

Големото количество на дожд и влажноста создаваат опасност од развој на различни болести на растенијата, кои можат да предизвикаат епидемии, предупредуваат агрометеоролозите. Српското Министерство за земјоделство ги предупреди земјоделците да не собираат плодови се додека целосно не се повлечи водата поради опасност од бактериолошко и хемиско загадување.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ