Градската општина на Обреновац упати барање до Министерството за регионален развој и локална самоуправа на Србија, да апелира соседните општини да ги отстапат своите камиони, со кои ќе може да се изнесе сметот.
-Граѓаните исфрлаат големи количини смет, но тоа ги надминува капацитетите на нашите служби, па затоа ни е потребна помош-стои во соопштението.
Срѓан Милосављевиќ, началник на Одделението за имотно-правен и стамбен простор на градската управа на Обреновац, рече дека десет формирани комисии за евиденција на штети се на терен и вршат попис.
Тој истакна дека веќе е воспоставена канализацијата и дека техничката вода пристигнала речиси во сите делови на градот.
Е. Г.