На граничниот премин „Прешево“ спречен шверц на над 42 килограми синтетичка дрога

Од:

На граничниот премин „Прешево“, српските царински службеници спречија обид за шверц на над 42 килограми синтетичка дрога сокриена во резервоар на камион.

Случајот бил откриен кога камион со странска регистрација кој се движел од Грција кон Белгија бил издвоен за преглед на мобилниот скенер на царината.

Анализирајќи ја сликата од скенерот, забележани се неправилности во пределот на резервоарот за гориво, кој е преграден за шверцерски цели.

Царинските службеници забележале дека просторот наменет за шверц е маскиран со специјален кит за да изгледа дека е фабрички направен.

Деталниот преглед ги потврдил сомнежите на снимката од скенерот, бидејќи внатрешноста на резервоарот била поделена така што само една четвртина добивала гориво, додека поголемиот дел од резервоарот се користел за криење на наркотици.

Откриени се вкупно 63 пакувања прашкаста материја со тежина од 42.337 грама, кои при рачно тестирање реагирале на синтетичката дрога МДМА и амфетамин.

Дрогата заедно со возачот и камионот во кој се шверцувала наркотикот е предадена на полицијата за понатамошна надлежност.

Би можело да ве интересира

Криминална банда се занимавала со проституција и продажба на дрога, обвинет е и полицаец

Горан Наумовски

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Дилер сакајќи да се спаси од полицијата фрлил дрога низ прозор

Двајца македонски државјани фатени со 137 килограми марихуана на ГП Ѓуешево

Запленета дрога и оружје кај маж од Дојран