На Еди Рама не му пречи идејата за голема Албанија – во тазе реконструираната зграда на Владата на Албанија е закачена огромна карта на голема Албанија.
Таа се наоѓа во салата за конференции, а премиерот Рама со неа се пофалил и на својата интернет страница.
Картата е закачена на ѕидот, зад говорница и според архитектите и уметниците што учествувале во реконструкцијата на зградата, таа не претпоставува никакви територијални претензии. ,,Тоа е карта од 1689 година, нацртана од Ѓакомо Картели Д’авињоло и воопште не е спорна,, – велат уметниците.