Полицијата во соработка со обвинителството во Ковин уапси 21-годишна девојка поради сомнение дека му давала средства за смирување на бебето.
Како што дознава српски Курир, мајката на детето била уапсена во петокот, а денеска била на распит во Основното јавно обвинителство Смедерево, кое предложило да и се изрече мерка притвор до 30 дена, пишуват српските медиуми.
Изворот за медиумите во Србија открива дека мајката изјавила дека „не се сеќава дека му дала на детето антипсихотици неколку ноќи“.
-Се сомнева дека на детето му давала седатив неколку дена, најверојатно за да не плаче детето – открива соговорникот за српските медиуми.
Според неговите зборови, се било откриено кога таткото на бебето забележал дека тоа не е добро.
– Бебето прво е однесено во Здравствениот дом, а потоа е испратено во Заводот за мајки и деца во Белград, каде лекарите откриле дека детето го има овој лек во крвта – открива соговорникот, за српските медиуми.
Според него, куќата била претресена и пронајдени се овие лекови кои мајката најверојатно ги добила на рецепт.
Таа доби кривична пријава за сторени кривични дела овозможување консумирање наркотични дроги, како и запуштање и занемарување малолетно дете.