Мустафа: ЕУ ги поддржува ставовите на опозицијата за дијалогот Косово-Србија

Од:

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа се сретна денеска со шефицата на канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова, од која, според соопштението на ЛДК, добил поддршка за неговите ставови за процесите низ кои минува Косово.

Во соопштението се вели дека на средбата се разговарало за политичката ситуација во Косово, при што Апостолова го поздравила и „конструктивниот однос на ЛДК“ во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија.

– Претседателот Мустафа ја запозна Апостолова со ставовите на ЛДК за процесите низ кои поминува Косово, вклучително и дијалогот Косово-Србија. Апостолова го охрабри ЛДК да продолжи со конструктивната улога во постојаниот развој на земјата, се вели во соопштението по средбата на Мустафа со шефицата на Канцеларијата на ЕУ.

На истата тема – актуелните политички случувања во земјата и дијалогот Косово-Србија со косовскиот опозициски лидер денеска разговарал и амбасадорот на Велика Британија во Приштина, Руаири О Конел.

Според соопштението на ЛДК, Мустафа на оваа средба се заблагодарил на големата британска поддршка за Косово и ја изразил посветеноста на неговата партија и на косовскиот народ за продлабочување на соработката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија