Муижниекс: Загрижувачки е застојот во процесот на помирување на земјите од Западен Балкан

Од:

Во извештајот по посетата на регионот, комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, смета дека е загрижувачки тоа што има застој во процесот на помирување на земјите од Западен Балкан, каде што се уште преовладуваат етничките и другите поделби.

– Овие застои особено се однесуваат на одбивање геноцид, воздигнување на воените злосторници и обидите да се рехабилитираат лицата вклучени во злосторствата извршени за време на војните во 90-тите од минатиот век. Освен тоа, поделбите се интензивираа со историскиот ревизионизам поврзан со Втората светска војна, со запалливите говори на некои политички водачи и постојаното продолжување на етничките сегрегација во образованието, пишува Муижниекс во последниот коментар за човекови права објавен денеска, се вели во соопштението на Советот на Европа.

Се повикува на заедничко работење за справување со проблемите од минатото и за градење на заедничка визија за иднината, а Муижниекс наведува дека и покрај постигнатиот напредок, останува уште многу да се направи.

– Сегашните знаци на регресија во регионот ризикуваат да го загрозат напредокот што е постигнат досега. За да се спречат овие негативни трендови, а потпирајќи се на лекциите од минатото, сите политички актери треба да ги стават настрана своите краткорочни политички цели и да се фокусираат на зајакнување на социјалната кохезија наместо зајакнување на етничките поделби , напиша тој.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ