Можно ли е „грчко сценарио“ за РТС?

Од:

Членот на Работната група за изработка на законот за јавни медиумски сервиси во Србија, Саша Гајин, вели дека не е тешко да се замисли и Радио телевизија Србија (РТС) и Радио телевизија Војводија (РТВ) да го доживеат „грчкото сценарио“.

– Наместо да се оди на тоа јавниот сервис да се развива и да се направи поинтересен со содржини и информации, се прават напори јавниот сервис вештачки да се одржи во живот, па и дури тоа да биде и на елементарно ниво. Од тоа елементарно ниво, не е тешко да се замисли дека јавниот сервис, РТС и РТВ, да може да ја доживее судбината која можеби би наликувала на грчко сценарио, изјави Гајин за весникот „Данас“.

Тој вели дека работната група барала одговор од надлежните зошто се откажува од претплатата, односно надоместот, но напоменува дека никогаш не добиле одговор. – Не знаеме за што се работи и од каде идејата за преминување на буџет, додаде тој.

Според него, идеално решение би било претплатата да се вгради во законот.

Грчката Влада во јуни оваа година поради штедење, ја укина државната телевизија и радио ЕРТ. – ЕРТ е случај на исклучителен недостиг на транспарентност и неверојатно претерување. Со ова на тоа се става крај, рече тогаш грчки владин претставник.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ