Можни се вооружени судири во Прешевскатa долина

Од:

Претседателот на Движењето за демократски напредок Јонуз Муслиу процени дека во Прешевската долина, во јужна Србија, населена главно со Албанци, се можни вооружени судири, ако се повторат прогонувањата и убиствата на Албанците, соопшти белградскиот весник „Блиц“.

Во интервју за приштинскиот весник „Трибуна“ Муслиу го критикувашр косовското раководство за неговата незаинтересираност преку дијалогот со Белград да се обиде да го реши и проблемот со статусот на Албанците во Прешевската долина.

-Најдискриминирани Албанци во Европа се Албанците во Прешевската долина. Тоа најјасно се потврди на 20 јануари годинава кога беше отстранет споменикот на Армијата за ослободување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа во центарот на Прешено. Тука Србија ги покажа своите заби и намерата со сила да ги решава проблемите со Албанците, рече Муслиу.

Тој додаде дека молбата на Албанците за помош, упатена кон Приштина и Тирана, не наиде на разбирање.

-Многу пати сакавме да бидеме дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина. Штом се зборува за Косово и неговиот северен дел, зашто да не се зборува и за Прешевската долина, рече Муслиу, кој е и поранешен градоначалник на општина Бујановац.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски