Монтгомери: ЕУ ја стави Србија пред невозможен избор

Од:

Поранешниот американски амбасадор во Белград Вилијам Монтгомери смета дека ЕУ ја ставила Србија пред невозможен избор и што и да направи земјата претстојат политички превирања, нестабилност, како и поделби во Владата и во најголемата владејачка партија.

Кога станува збор за улогата на САД во преговорите за Косово, тој оценува дека, за жал, американската Влада ја продолжува својата долгогодишна политика на целосна поддршка на властите во Приштина, а последица од таквиот пристап е дека Хашим Тачи не бил под вистински притисок да направи значајни отстапки.

– Поради недостаток од разбирање за Србија или поради нечувствителноста и рамнодушноста, ЕУ ја стави Србија пред невозможен избор. Доколку избере било која од двете опции – било да прифати ултиматум од типот „земи или остави“ или да го одбие – тоа речиси сигурно ќе ја подели Владата, СНС и земјата во целост. Тоа не треба да биде начин на кој ЕУ се однесува кон една идна членка, истакна Монтгомери во интервју за весникот „Блиц“.

Тој оцени и дека датумот за почеток на преговорите со ЕУ е сосема произволен и служи само како средство за притисок во преговарачката тактика, додавајќи дека дури и Србија да добие датум, не постои апсолутно никаква извесност дека во блиска иднина ќе биде повикана да стане членка на Унијата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ