Момир Булатовиќ можен кандидат за претседател на Црна Гора

Од:

Поранешниот црногорски претседател и некогашен премиер на СР Југославија, Момир Булатовиќ се враќа во политиката и постои можност да биде претседателски кандидат на опозицискиот Демократски фронт на изборите следната година, пишува подгоричкиот весник „Дневне новине“.

Весникот потсетува дека враќањето во политиката го најави и самиот Булатовиќ.

– Кога на Денот на победата против фашизмот бев во Москва, си ветив себе си дека кога ќе се вратам во Црна Гора ќе им се приклучам на политичките сили и движења кои преку мирни и демократски средства ќе се борат против срамната одлука за членство на Црна Гора во НАТО. Токму НАТО е воен сојуз кој претставува современ вид на фашизам, нагласи Булатовиќ.

„Дневне новине“ констатира дека Булатовиќ не зборувал за можна кандидатура, но во круговите на Демократскиот фронт (ДФ) веќе се говори за таа можност. Лидерите на ДФ, Андрија Маниќ и Милан Кнежевиќ своето неодамнешно патување во Москва го образложија со тоа дека го бараат најдобриот „независен“ кандидат, кој овој политички сојуз би го поддржал.

Булатовиќ веќе учествуваше на некои протести на ДФ, а зборуваше и на собирот во Цетиње. Неговите ставови се многу слични со ставовите на Фронтот и тој смета дека границата меѓу Србија и Црна Гора е неприродна.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба