Одбележувањето на втората годишнина од трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград започнува утре со прекин на програмите на сите телевизии во 8 часот и 40 минути, кога момчето убиец ја започна својата крвава гозба.
На 03.05.2023 година во утринските часови 13-годишен ученик од седмо одделение на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград изврши вооружен напад во своето училиште.
Нападот е извршен со пиштол што го одзел од семејната куќа, регистриран на неговиот татко.
За време на нападот уби девет ученици и еден чувар, а рани уште пет ученици и еден професор по историја. Нападот бил однапред испланиран: момчето имало список на жртви и скица од училиштето со планирани влезови и излези.
Мотивот за злосторството никогаш не е целосно разјаснет, но истрагата покажа дека ученикот дејствуваше ладнокрвно, без знаци на каење.
По нападот тој самиот повика полиција и се предаде.
Заради возраста, според тогашните закони на Србија, ученикот не одговараше кривично (нема 14 години), што предизвика голема дебата во јавноста за одговорноста на малолетниците, семејното образование и безбедноста во училиштата. Неговиот татко е уапсен и кривично гонет поради несовесно поседување оружје.
По повод втората годишнина од трагедијата, таткото на убиеното девојче Анџелина Аќимовиќ – Анѓелко Аќимовиќ зборуваше за злосторството што ја потресе Србија и регионот.
„Родителите, а подоцна и граѓаните, ќе имаат можност да положат цвеќе на местото на страдањето. Потоа одиме во паркот Ташмајдан, во градината посветена на децата кои настрадаа. Ќе има настан на кој сите заинтересирани, и деца и возрасни, ќе можат да ги напишат доблестите на секое дете на птиците кои ја симболизираат слободата“, рече Аќимовиќ.