Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека е важно Унијата да соработува со партнетрите од Балканот во областа на превенцијата и борбата против радикализацијата и тероризмот.
– Посебно е важно да имаме соработка со земјите, кои не се само кандидати за членство во ЕУ, туку се и дел од регионот кој заедно со нас е повеќе погоден од овој феномен, истакна Могерини на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Унијата.
На неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Талин, на кој денеска присуствуваа и министрите од земјите-кандидатки, разгледани се мерки кои би можеле да бидат преземени за превенција и борбра против радикализацијата и тероризмот.
– Имавме корисна размена на мислења за мерките кои можеме заедно да ги преземеме почнувајќи од антитерористичките, техничките мерки вклучувајќи го и законодавството, до мерки кои веќе се однесуваат на прашањата за интеграција, за социјални и економски можности кои би помогнале на нашите општества да го спречат глобалниот феномен што не погодува сите, истакна Могерини.
Домаќин на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ е летонскиот шеф на дипломатијата Свен Миксер, нагласувајќи дека Советот на министри на ЕУ постои „традиција на разгледување на важни прашања со колегите од земјите-кандидатки“.
– Мораме да се бориме против тероризмот, радиакализмот и радикализацијата. Тоа е заеднички предизвик за сите нас, посочи Миксер.
Тој предупреди дека во борбата против тероризмот не може да се очекува брза пообеда бидејќи тоа е комплексен проблем кој бара истовремема борба на повеќе страни – од превенција на напади до едукација.
На состанокот во Талин учествува и македонскиот министер за работи Никола Димитров.