Могерини организира вечера за премиерите од Западен Балкан

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини вечерва во Њујорк ќе организира вечера за премиерите на земјите од Западен Балкан присутни на заседанието на Генералното собрание на ОН.

Како што соопшти Европската комисија, на вечерата ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој во текот на вчерашниот ден имаше средби со некои од министрите за надворешни работи од Западен Балкан.

На средбите Хан нагласи дека регионалната поврзаност претставува катализатор за напредокот на западнобалканските земји кон ЕУ, за поттикнување на економскиот раст и за отворање нови работни места.

– Западнобалканската шесторка би требало да го искористи сегашниот позитивен момент кога станува збор за проширувањето, порача Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија