Могерини: Италија ја поддржува Србија на европскиот пат

Од:

Шефицата на италијанската дипломатија Фредерика Могерини денеска на највисоките српски претставници им пренесе дека не постои негативно сценарио за пристапот на Србија во Европската унија и дека е неприфатливо сценариото за прекин на тој пат.

Таа истакна дека Италија ќе продолжи да пружа поддршка за европската перспектива на Србија и изрази надеж оти Србија ќе успее да отвори некои важни поглавија во преговорите со ЕУ за време на италијанското претседателствување.

Српскиот претседател Томислав Николиќ на средбата со Могерини наведе дека Србија ја покажала својата решеност да воспостави систем со кој ќе создаде сигурно место за инвестиции.

На средбата меѓу премиерот на Србија, Александар Вучиќ и Могерини беше констатирано дека односите меѓу двете земји се пријателски и многу блиски.

– Италија е еден од најсигурните партнери на Србија и ја сметаме за искрен пријател и сме благодарни на поддршка од Рим во процесот на европските интеграции на Србија, посочи Вучиќ.

Могерини нагласи дека Италија и понатаму ќе ја поддржува европската перспектива на Србија, како и продолжувањето на дијалогот со Приштина.

Вучиќ и Могерини се договорија да одржат заедничка седница на двете влади пред крајот на годината во Белград, која ќе биде посветена на економските прашања и на енергетските прашања.

Претходно, Могерини се сретна и со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

– Се надеваме дека италијанското претседателствување со Европската унија ќе даде дополнителен поттик на европските интеграции со Србија, посочи Дачиќ.

Могерини истакна дека „Србија успеа да постигне историски чекори кои се значајни и за цела Европа, пред се со договорот со Приштина и со отворањето на пристапните преговори“.

Италијанската министерка за надворешни работи се сретна и со претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ, а потоа на панел дискусијата наведе дека ЕУ не го користи зборот ултиматум, туку разговара и договара.

Могерини во обраќањето пред пратениците наведе дека еден од приоритетите на италијаснкото претседавање со ЕУ е политиката на добрососедство во Медитеранот и на другите подрачја со повремени кризни жаришта.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ