Мнозинство Турци не го поддржуваат претседателскиот систем на владеење

Од:

Мнозинството турски граѓани не го поддржуваат воведувањето претседателски систем на вледеење во Турција, за кој се залага турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, покажуваат резултатите од анкетата цитирана од весникот на англиски јазик „Тудејс заман“.

Истражувањето на јавното мислење го изведе турската социолошка агенција Гезиџи, која пред извесно време беше контролирана од инспектори на турското Министерство за финансии, откако ги објави не многу пријатните податоци за власта од анкетата за рејтингот на политичките партии.

Според новото истражување на Гезиџи, спроведено во март во 36 турски окрузи меѓу 4.860 испитаници, дури 77,1 процент од луѓето во
Турција не ја одобруваат идејата за претседателски систем, додека 22,9 отсто се на спротивно мислење.

Анкетата уште покажува дека и меѓу симпатизерите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП)  има висок процент на луѓе кои не го поддржуваат воведувањето на ваквиот тип на владеење во земјата. Против идејата се изјасниле 64 проценти од поддржувачите на АКП.

Според 72 проценти од анкетираните, претседателскиот систем ќе го зголеми авторитаризмот, а според 76 проценти ќе доведе до територијална поделба на земјата.

Истото истражување повторно покажа намалување на поддршката за АКП, која, според резултатите, во моментов е под 40 проценти.

Резултатите од анкетата на Гезиџи покажуваат драстичен контраст со оние на другите социолошки агенции.

Освен тоа, 67,2 проценти од Турците (од кои 30 проценти се симпатизери на АКП) сметаат дека Владата и претседателот  вршат притисок врз медиумите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ