Српската полиција уапси млад човек кој денеска испука проектил со рачен ракетен фрлач во близина на градот Рума во Војводина и демолираше напуштена зграда кај железничката станица, објавија регионалните медиуми. Експлозијата се случила околу 14.00 часот во Платичево и предизвикала уривање на мала зграда, но нема повредени.
Ослободен од психијатриска болница ден претходно
Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.
„Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува „Блиц“, наведувајќи дека е причинета поголема материјална штета.
Српските медиуми јавуваат дека по масовното пукање во училиштето, кога ученикот во белградското основно училиште уби девет врсници и училишниот чувар, како и по масакрот во Младеновац кога Урош Б.(21) уби осум лица, често се случуваат нови инциденти.