Митов: Бугарија и Романија здружени можат да имат посилен глас

Од:

Блиската меѓусебна соработка ќе направи гласовите на Бугарија и Романија да бидат слушнати посилно и во регионот и во ЕУ, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов на заедничка прес-конференција со неговиот романски колега Богдан Ауреску во Букурешт.

– Нашиот заеднички глас ќе има поголема тежина и јачина, ако ги одразува партнерството и соработката на нашите две земји. Ве уверувам дека ќе ги вложам сите напори во тој правец, изјави Митов, кој од денеска престојува во дводневна посета на Романија.

Како што јави БТА, тој нагласи дека Бугарија и Романија се добри соседи, партнери и сојузници во ЕУ и НАТО, додавајќи дека патот на слободата, демократијата и европските и евроатланските интерграции, што двете земји го избрале во последните децении, ги прави двете земји уште поблиски.

Ауреслу од своја страна изјави дека како стратешки парнери Бугарија и Романија имаат отворен и пријателски дијалог за сите теми.

На денешната средба во Букурешт двајцата министри разговарале за билатералните односи и за повеќе европски и меѓународни теми, со посебен осврт на соработката во сферата на енергетиката, инвестициите, инфраструктурните проекти, регионалната соработка и безбедноста, како и со прблемот со наппивот на илегални имигранти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година