Митаракис: Има зголемен притисок на границите од мигрантските бранови, но истовремено и мал број пристигнувања

Од:

Постои зголемен притисок, но истовремено гледаме и мали број пристигнувања на мигранти, односно, заштита на границите успеа да ја заштити земјата и да немаме зголемени мигрантски бранови како во 2015, 2016, 2019 година, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Митаракис истакна дека оваа година се очекува да има втор најнизок бран бегалци и мигранти во земјата во изминатите десет години, а нивните проценки се дека ќе има околу 14.000 нови пристигнувања како на островите, така и на копнената граница со Турција, кај Еврос.

За евентуална провокација од Турција, посочи дека се особено внимателни, но и подготвени за можен зголемен притисок на границите.

-Мислам дека по успешниот одговор на Грција во февруари и март 2020 година на обидот за масовна инструментација, мислам дека е јасно дека нашата земја знае и може да се справи со вакви инциденти. Па така, нема да кажам дека се плашам или не се плашам од дополнителен притисок на границата, туку ќе ви кажам дека сме целосно подготвени за тоа, истакна министерот за миграција и азил на Грција.

Паралелно, говорејќи за Турција, истакна дека би требало повторно да го прочита Лозанскиот договор и „да види колку одредби од Договорот самата не ги спроведува“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски