Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Од:

Дури десет ракометари од Бурунди исчезнаа во Хрватска пред седум дена, а се уште нема апсолутно никакви информации за нив.

Сè да биде сосема чудно – хрватските медиуми веќе не се занимаваат со оваа тема, па за нив нема вести, освен дека исчезнале. Речиси е неверојатно дека останува само да ги нема…Целиот случај го привлече вниманието и на бројни светски медиуми, па Гардијан во денешниот текст ја пренесува приказната и пишува дека по исчезнатите сè уште се трага.

Медиумите пишуваат дека ракометарите можеби внимателно испланирале се за да побараат азил во некоја од европските земји.

Реагираше и Бурунди и побара помош од надлежните органи:

– Во шок сме. И федерацијата и родителите на овие млади играчи ги замолуваат сите што се во можност да ни помогнат – изјави претседателот на Ракометниот сојуз на Бурунди, Дофин Никобамје.

Навистина е големо прашање што и по седум дена не е пронајдена трага од исчезнатите спортисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

МВР трага по две лица