Мишо Ковач и Томпсон сведоци на судењето на Санадер

Од:

Естрадните ѕвезди Мате Мишо Ковач и Марко Перковиќ – Томпсон ќе сведочат во ист ден, на 18 март, на судењето на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер во случајот „Фими медиа“, потврди Жупанискиот суд во Загреб.

Освен двајцата пејачи, во текот на следниот месец во судскиот процес против Санадер и Хрватската демократска заедница (ХДЗ) ќе се појават и други ѕвезди, поранешни министри и менаџери.

И за Мишо Ковач, но и за Томпсон, Обвинителството тврди дека добивале пари од партискиот црн фонд кој е создаден од наводно повлекување средства од државни фирми и институции, а преку маркетиншката агенција „Фими медиа“.

Додека на Ковач му се плаќало за да пее на партиските предизборни собири, на Томпсон наводно му биле давани пари да не пее за хрватската десница, бидејќи се претпоставувало дека овие партии ќе им ги преземат гласачите на ХДЗ.

Претходно за финансирањето од „црните фондови“ на ХДЗ сведочеше и пејачката Нина Бадриќ.

Би можело да ве интересира

Aндрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Алекса Бечиќ се прогласени за непожелни во Хрватска

Горан Наумовски

ВИДЕО: Убиецот пред масакрот бил во кафуле и честел „Рекол – одам за завршам нешто“

Катерина Ѓуровски

Масакр во Хрватска: Упаднал во дом за стари лица, убил петмина

Катерина Ѓуровски

Украинец во Пула преку прозорец сликал Македонка, му го зела телефонот и го натерала да ги избрише сликите

Маж од Корчула сакал да ја убие сопругата

Хрватска испраќа канадер со два екипажи во Македонија

Катерина Ѓуровски