Мишел: Западен Балкан приоритет за ЕУ, сега повеќе од било кога

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој денеска се сретна со претседателот Мило Ѓукановиќ во Подгорица, рече дека ова е важен момент за европската иднина на Западен Балкан и оти регионот е стратешки приоритет на ЕУ, сега повеќе од кога било.

„ЕУ беше обединета во воведувањето санкции кон Русија, а притисокот го обезбедува континуитетот на шест пакети санкции“, рече Мишел на заедничката прес-конференција со Ѓукановиќ, велејќи дека Западен Балкан е стратешки приоритет за ЕУ. повеќе од кога било.

„Црна Гора е мошне постојан партнер за ЕУ повеќе од една деценија и вашата земја има рекорд од стопроцентно усогласување со политиката на ЕУ“, рече Мишел.

Ѓукановиќ изјави дека посетата на Мишел на Црна Гора укажува на посветеноста на Европската унија за европеизација на Западен Балкан.

Тој рече дека со Мишел разговарал за ситуацијата во регионот.

„Повторив дека стабилноста на Западен Балкан е еднаква на интеграција. За жал, констатиравме дека во Црна Гора има забавување на интегративните процеси“, изјави Ѓукановиќ, пренесуваат подгоричките медиуми.

Тој наведе и дека во тој период имало земји кои дејствувале надвор од интеграциската позиција, а како предупредување пристигнала руската агресија врз Украина која, како што рече, укажала на потребата од евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ