Министерот за цивилна заштита на Грција и специјални единици за справување со кризи заминаа за Крит

Од:

Министерот за цивилна заштита на Грцијa Христос Стилијанидис, неговиот заменик и генералниот секретар од Министерството, како и специјални единци за справување со катастрофи, со опрема, кучиња и дронови од Атина заминаа за островот Крит, по земјотресот од 5,8 степени во кој животот го загуби едно лице, повредени се деветмина, а предизвикана е материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека уште од првиот момент бил активиран државниот механизам.

-За жал, ја имаме информација за загубата на еден наш сограѓанин. Се чини дека досега немаме заглавени граѓани. Оние кои беа заглавени се пренесени во болница, а здравствените власти се справија со проблемите. Надлежни единици на Министерството за инфраструктура веќе започнаа контроли и доколку е потребно, дополнителни сили ќе заминат на Крит. Целиот државен механизам е на готовност, како и сите надлежни министерства, во рамките на нивните одговорности, за да им помогнат на локалните власти и да помогнат во санирањето на штетата и справување со било какви негативни последици, рече Иконому.

Од Министерството за цивилна заштита на Грција соопштија дека веднаш бил спроведен соодветниот план во случај на земјотреси и активирани сите сили на цивилната заштита, противпожарната служба, полицијата, брзата помош, службите на локалната самоуправа, а на островот заминала и единици од Секретаријатот за справување со последиците од природни катастрофи од Министерството за инфраструктура.

Со наредба на началникот противпожарната служба на Грција, со два авиони од Атина за Крит заминаа и припадниците на два тима на специјалната единици за справување со катастрофи со специјална опрема за спасување, кучиња и дронови.

Од противпожарната служба соопштија дека нивни возила патролираат во деловите каде што се случи земјотресот.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина