Милорад Додик е на црната листа на ИД

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик се наоѓа на 11-тото место на „црната европска листа за отстрел“ на Исламската држава, пишува денеска српскиот весник „Блиц“. 

Весникот потврдува дека Додик лично ја потврдил оваа информација. 

– Неодамна дознав дека сум 11-ти на црната листа на ИД, изјави претседателот на РС. 

Во листата на ИД се претседатели и премиери на земјите од ЕУ и регионот, меѓу кои и претседателот на Франција Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Белгија Шарл Мишел и други државници, кои секојдневно се спротиставуваат на се посилниот исламски екстремизам во Европа, пишува „Блиц“. 

Експертот по прашањето за безбедност Џевад Галиашевиќ изјави дека ИД има список за отстрел, во кој се наведени нејзините најголеми противници. 

– Верувам дека претседателот на РС, Додик, е на таа листа на ИД. Тој исто така е единствениот човек од БиХ, кој се наоѓа на мета на исламистите, изјави Галиашевич. 

Тој додаде дека името на Додик се нашло на тој список поради спротиставувањето на исламизацијата во БиХ.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски

Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба