Милановиќ им се заблагодари на гласачите за поддршката

Од:

Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој според досегашните резултати има освоено под 50 отсто поддршка, им се заблагодари на гласачите на социјалната мрежа Фејсбук.

„Ви благодариме на сите за поддршката“, напиша Милановиќ.

Никша Пероња од СДП, кој го поддржа Милановиќ, за хрватската РТЛ изјави дека по првите излезни анкети владее ентузијазам во изборниот штаб, дека Милановиќ е расположен и дека го очекуваат по 21.30 часот.

Мирела Ахметовиќ (СДП) им се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на гласање, особено на оние кои гласаа за Зоран Милановиќ.

– Граѓаните гласаа за Милановиќ и потврдија дека ја поддржуваат неговата неприкосновена политика, изјави Ахметовиќ за ХРТ и посочи дека анкетите досега не биле погрешни, но дека допрва треба да се чекаат официјалните резултати.

Би можело да ве интересира

Како Милановиќ ја потопи конкуренцијата и победи во сите 20 окрузи во Хрватска?

А1он

Милановиќ: Ќе се борам за Хрватска со став, ќе се борам за владеење на правото

Горан Наумовски

Приморац: Зоране, излези и кажи што мислиш, што знаеш

Горан Наумовски

Милановиќ ја испушти победата во првиот круг

Горан Наумовски

Прослава во штабот на Милановиќ, анкетите говорат во корист на актуелниот шеф на државата

Први излезни анкети: Милановиќ 51,48 отсто, а Приморац 21,3 отсто

Горан Наумовски