Мицоткаис до Ципрас: Не ја спасивте Македонија, туку отстапивте македонска националност и јазик

Од:

Господине Ципрас, не ја спасивте Македонија, единствено што направивте е да им дадете македонска националност и јазик на соседите, му порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија на грчкиот премиер, кој во петокот од Солун рече дека „левицата не ја продава Македонија, туку со Договорот од Преспа го спасува културното и историското наследство на грчката Македонија.

Кирјакос Мицотакис, во обраќањето на крајот од тридневниот партиски конгрес, коментирајќи го говорот на Алексис Ципрас од Солун, рече дека ако грчкиот премиер бил малку повеќе запознаен со историјата на земјата и „со борбите што нашите предци ги водеа за Македонија да стане грчка и Грција она што е денес, немаше да оди во Солун за да ни каже дека СИРИЗА ја спаси Македонија“.

Лидерот на Нова демократија, уште еднаш повтори дека Нова демократија е против Договорот од Преспа.

-Господине Ципрас, слушнете ме добро: не ја спасивте Македонија, единствено што направивте е да им дадете македонска националност и јазик на нашите соседи. Единствено што направивте е да кажете „да“ таму каде што другите имаа храброст да кажат „не“. И го поставивте наспроти вас огромното мнозинство од општество за да обезбедите некои делчиња од вашиот уништен кредибилитет. Престанете веќе да ги навредувате Македонците и сите Грци. Престанете да го карактеризирате екстремен десничар и националист секој кој не се согласува со вашата политика. Повторно ќе кажам дека Нова демократија со сите сили е против националната отстапка од Договорот од Преспа, рече Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он