Мицотакис: Отворањето на ЕУ кон Западен Балкан –историска мисија што треба брзо да започне

Од:

Отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е наш свесен политички избор, туку би рекол дека е историска мисија која брзо треба да започне, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за надворешната политика на земјата, Мицотакис се осврна на односите со Турција, на источниот Медитеран, но и на регионот.

-Како што знаеш пријателе Шарл, нашата земја беше прва од југот на Европа и прва балканска земја што беше примена во заедницата. А од нашите претседателства, две се идентификуваа со проширувањата. Затоа, отворањето на Унијата кон нови држави, а особено кон оние од Западен Балкан, не само што е наш свесен политички избор, туку би рекол дека е историска мисија која брзо треба да започне, секако секогаш во согласност со европското демократско законодавство, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер и претседателот на Европскиот совет, во изјавите по средбата ја истакнаа важноста на европскиот дигитален сертификат, кој претходно беше и официјално презентиран, а говореа и за Фондот за закрепнување.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски