Мицотакис: Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО

Од:

Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО и сега не е најдобро време ова прашање да се употребува за пазарење, изјави денеска за Ем-ес-ен-би-си, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во однос на најавената блокада од страна на Турција.

-За (блокадата) треба да го прашате турскиот претседател… Очекувам ова прашање да се разреши изјави тој.

Мицотакис додаде дека Грција ги поддржува членствата на Шведска и Финска во НАТО.

-Тоа е нивно суверено право. И на крајот не очекувам да има сериозни забелешки, изјави тој.

За да ја осигураат својата безбедност, откако Русија изврши инвазија во Украина, Стокхолм и Хелсинки најавија дека ќе поднесат формално барање за членство во воената алијанса.

Грчкиот премиер е во дводневна официјална посета на Вашингтон и подоцна вечерва во Белата куќа треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

На полноќ, претседателот на САД организира прием во чест на грчкиот претседател, а за одбележување на 200 годишнината од почетокот на војната за независнот на Грција.

Според Мицотакис, 200 годишнината требаше да се одбележи лани во мај, но поради Ковид-19 настаните беа одложени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он