Мичел: САД ги поддржуваат регионалните иницијативи за Западниот Балан

Од:

САД во целост ги поддржуваат регионалните иницијативи за Западниот Балкан, изјави американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што јави БТА, Мичел при тоа ги пофалил „лидертвото на Борисов и бугарското претседавање со ЕУ“ во однос на Западниот Балкан и го нагласил значењето на активните напори за евроатлантската перспектива на западнобалканските земји, како и за нивното меѓусебно поврезување и врските со европските соседи.

Мичел и Борисов разговарале и за напредокот на секоја од земјите од Западен Балкан и за предизвиците со кои тие се соочуваат, пред се кога станува збор за дијалот меѓу Скопје и Атина и односите меѓу Белград и Приштина.

Бугарскиот премиер при тоа ја истакнал неопходноста за „решавање на некои проблеми меѓу земјите од Западен Балкан“ пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, предвиден за 17 мај во Софија, со цел да се овозможи „постигнување договор за примена на конкретни проекти“.

Предвидено е Мичел во текот на следните недели да ја посети Бугарија.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина