Ми ја уништија марулата, нели е жално-се жали таткото на убиецот на Данка

Од:

Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ е лут затоа што полицијата му го ископала дворот и му ја уништила марулата.

Тој во разговор со новинарите застана во одбрана на својот син и тврди дека неговата вина не е докажана. Тој дури најави дека ќе ја тужи полицијата доколку се докаже дека неговиот син не е виновен.

Причината за ова е повеќе од бизарна – лут е затоа што полицијата му ја уништила зелената салата.

„Можете да одите од каде што дојдовте. Сè уште ништо не е решено, а вие веќе трчате наоколу и пишувате секакви работи во весниците. Лежите таму. Напишавте сè што го нема ни на хоризонтота а камо ли да е вистина. Од каде знаете дека го направил тоа?“, бесно им рече таткото на осомничениот на новинарите.

Тој бил видно лут и незадоволен што полицијата во потрага по телото на девојчето му ја ископала градината со зелена марула.

„Уништија сè и го расфрлаа ѓубривото! Ми ја уништија целата зелена салата, ќе имаме перипетии. Уништија сè. Погледнете што направија со оваа салата. Нели е жално“, изјави Јанковиќ.

Неговиот семеен имот беше детално претресен неколку пати: „Ако мојот Срѓан е виновен, тој е виновен, но ако не е, тогаш ќе ја тужам полицијата за малтретирање. Полицијата се уште не го пронајде девојчето, а велат дека се е готово. Не е ништо, треба допрва да се утврди“, изјави таткото на осомничениот С.Ј.

Би можело да ве интересира

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка

Oсомничените за смртта на Данка може да се спасат од „тешки“ казни

Горан Наумовски

Нови детали за малата Данка: Нејзината ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Таткото на Данка: Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден

Горан Наумовски