Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека на ниту еден начин не можат да бидат оправдани методите на испрашување, кои ги применувала ЦИА по терористичките напади од 11 септември 2001 година, а беа објавени во извештајот на комисијата на американскиот Сенат.
Турското МНР како позитивен чекор го оцени објавувањето на извештајот во кој се наведени сериозни кршења на човековите права од страна на американските власти.
– Заштитата на основните права и слободи се меѓу фундаменталните одговорности на современите демократии и методите на ЦИА се неопростливи, се посочува во соопштението на турското МНР.
При тоа се наведува дека треба да биде побарана одговорност од лицата кои не ги почитуваат демократските практики и закони и оти слично кршење на човековите права не треба да се повтори.
Шефот на турската демокртатија Мевљут Чавашоглу истакна дека извештајот се анализира од турските власти, но оти имало нехумано постапување и недозволено измачување на затворениците.
– Се надевам дека нашиот пријател и сојузник САД нема повторно да дозволат слични акции и оти нехуманите акти нема да се повторат, посочи Чавашоглу.