Мета: Обединувањето на Албанците единствено во Европа

Од:

Обединувањето на Албанците единствено е во ЕУ, изјави Илир Мета, поранешен албански премиер и шеф на дипломатијата, инаку лидер на партијата Движење за европска интеграција, која е дел од владата на премеирот Сали Бериша.

Оценувајќи дека националистичките изјави се надвор од предизвиците и контекстот во кој живеат Албаниците, тој упати апел да се запре со националистичките шпекулации во Албанија, јави дописникот на МИА.

Според него, Движењето за социјалистичка интеграција,  цели кон интеграција, а не кон конфликти.

Најдлабоката бездна на општеството, според Мета, е меѓу политиката на конфликт и соживотот на граѓаните и оти секоја измината минута подалеку од интеграцијата е на штета на албанските граѓани.

– Граѓаните го заслужуваат статусот, а тоа го потврдија со визната либерализација. Граѓаните го скршија скептицизмот на политиката со нивното однесување, изјави Мета на Конвенцијата на партијата во јужниот албански град Ѓирокастро.

Тој меѓу другото зборуваше и за позитивната улога на жената во општеството апелирајќи нејзиниот глас да се слуша доколку сакаме, како што рекол, да одиме со побрз напредок кон нашиот европски сон.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски