Мета, ЕУ и странските амбасади апелираат на мирни протести

Од:

Пред вечерашниот голем протест на здружената опозиција во Тирана, албанскиот претседател Илир Мета,мисијата на ЕУ и неколку странски амбасади упатија апел да се протестира на мирен и достоинствен начин.

Искажувајќи убедување дека мирните и демократски протести се фундаментално, демократско, легитимно и уставно право, Мета посочува колку е значајно за земјата и нејзината европска иднина, тој да помине мирно.

-Како претседател на Републиката бев и сум убеден дека Албанците подобро е да протестираат за нивните права и да бараат подобра и сеопфатна Албанија, наместо да ја напуштат земјата. На претходните протести и покрај граѓанската поддршка, имаше акти на насилство кои се неприфатливи, па би сакал да ве потсетам дека праведноста на вашата кауза не треба да биде загрозена од невоздржаните акти на одредени поединци, стои во пораката на Мета.

Тој го нагласува фактот дека одговорноста е на раководствата на обединетата опозиција, кои ги повикуваат граѓаните на протести.

-Само со мирен и достоинствен начин, вашата кауза за вистинска демократија, која гарантира широк граѓански соживот, легитимност и функционалност на институциите, многу подобро ќе се слушне во и надвор од земјата. Протестите на опозицијата беа внимателно следени и пренесени од најпознатите светски медиуми, но целосно мирни слики од вашиот протест ќе бидат во служба на европската иднина на Албанија, порача Мета.

Делегацијата на ЕУ во Тирана и амбасадите на неколку држави бараат од албанските политички партии да се потпрат на постојната понуда за дијалог, за да изнајдат излез од политичката криза.

Тие наведуваат дека протестот треба да биде мирен и оти страните вклучени во него имаат одговорност да ја гарантираат безбедноста.

ЕУ додава дека авторитетите за спроведување на законот имаат одговорност да делуваат со воздржаност и доколку бидат провоцирани.

Амбасадата на САД во Тирана уште синоќа побара од своите граѓани да ги избегнуваат местата каде што ќе протестира и маршира опозицијата.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија