Меркел го повика Ципрас да ја прифати дарежливата понуда за спас

Од:

Германската канцеларка Aнгела Меркел го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас да ја прифати дарежливата понуда од кредиторитe потенцирајќи дека сега Атина е на ред да направи чекор во правецот кој го зазедоа партнерите од еврозоната.

– Ние презедовме чекори за приближување кон Грција, и сега е на ред е грчката влада да преземе сличен чекор, изјави Меркел.

Сабота до 15 часот е крајниот рок до кој што треба да има договор за грчки одговор на најновата понуда која што еврозоната и меѓународните кредитори ја дадоа на Грција за да може да се спречи банкрот на земјата.

По евентуалниот договор и дел од земјите членки на еврозоната меѓу кои и Германија ќе треба го ратификуваат договорот во своите парламенти. Во вторник истекува рокот до кој Атина треба да ги плати обврските кон ММФ за месец јуни во спротивно земјата ќе биде и формално прогласена за несолвентна.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија