Мекалистер: Балканот да се вклучи во процесите на одлучување во ЕУ

Од:

Земјите од Западен балкан треба уште веднаш да се вклучат во процесот на носење одлуки во ЕУ и што побрзо да се подготват за членство во Унијата, бидејќи во спротивно би можеле да потпаднат под влијание на други држави, оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер.

Во интервју за германскиот весник „Велт“, Мекалистер вели дека сите шест земји од Западен Балкан треба да бидат примени во ЕУ, кога ќе ги исполнат правните, економските и политичките услови за членство.

– Во интерес на ЕУ е да има добри односи со земјите од Западен Балкан. Или ќе извезуваме стабилност на Западниот Балкан или нестабилноста од регионот ќе го загрози остатокот од нашиот континент, нагласи Мекалистер.

Според него, земјите од регионот имаат долгорочна перспектива за членство во Унијата, што е потврдено и со новата стратегија на Европската комисија за Западен Балкан,

– Новата стратегија треба да ги охрабри овие држави да продолжат доследно да се движат кон ЕУ и да ги спроведуваат потребните реформи, вели Мекалистер.

Тој нагласува дека иако некои западнобалкански држави се уште се далеку од можно членство во ЕУ, сепак тоа не треба да биде причина за повлекување на Унијата од Балканот, бидејќи доколку таа го стори тоа, нејзиното место може да го заземат некои други, кои веќе и делумно се присутни во регионот.

– Балканот стана центар на геостратешките интереси. Веќе со години гледаме зголемени активности на Турција, Русија, Кина и земјите од Персискиот Залив. Интересите се различни, но на крајот секогаш се работи за ширење на сферата на влијание, додава Мекалистер.

Тој нагласува дека Русија веќе е медиумски присутна во некои земји од регионот и се обидува да го зголеми своето влијание преку кампања на дезинформации, што е причина за загриженост во ЕУ.

Затоа, според него, Унијата треба да ги охрабри земјите од регионот на патот кон членство.

– Уште сега треба да се земат предвид интересите на земјите од Западен Балкан во процесот на одлучување во ЕУ. Тоа, на пример, треба да се однесува на изградбата на заедничкиот пазар, сообраќајната инфраструктура и енергетската мрежа. Се работи за тоа регионот да се поврзе со ЕУ. Кога луѓето ќе почувствуваат дека има напредок чекор по чекор, ќе се зголеми и подготвеноста за реформи, потенцира Мекалистер во интервјуто за „Велт“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија