На Балканот е постигнат голем напредок, но сѐ уште има предизвици во форма на корупција, поради што Европската унија е одржлив пат кон иднината, порача сенаторот од редовите на демократите Крис Марфи.
– Има огромен напредок на Балканот и ова е приказна што треба да продолжи, но сé уште има предизвици. Тоа е борбата против корупцијата во регионот, поради која би требало јасно да ставиме до знаење дека Европската унија е и натаму е одржлив пат за иднината, затоа што интеграцијата е една од работите што ги поттикнува реформите кога станува збор за корупцијата , изјави Марфи.