Манастирoт Високи Дечани во Косово блокиран од полиција и КФОР заради екстремистички закани

Од:

Вратите на православниот манастир Високи Дечани во Косово, по прв пат во последните 13 години, се затворени заради закани од локалната општина и од екстремистите, а патот кон манастирот е блокиран од многубројни полициски сили на меѓународната мисија КФОР, пренесе Танјуг.

Манастирот Високи Дечани веќе неколку дена е изложен на демонстрации, навредливи пораки и отворени закани заради одлуката на Врховниот суд на Косово да ги потврди имотните права на манастирот.

Екстремистите за денеска планираат протест пред самиот манастир.

Игуменот на Високи Дечани, Сава Јаниќ, ова однесување го оцени како показател за тоа како во Косово „не владее законот, туку владее теророт“.

Рашко-призренската епархија на СПЦ, исто така, протестира против екстремистичките појави и оцени дека тие се закана за безбедноста на објектот, што е вклучен на списокот на УНЕСКО за светско културно наследство и што досега четири пати беше подложен на вооружени напади.

Намерата на демонстрантите е пред манастирот да постават транспарант со пораката – „Ова е наш манастир – долу рацете од нашата земја“.

На досегашните протести се појавија и тврдења дека манастирот Дечани не е српски, туку албански и дека монасите го окупирале со сила.

Игуменот Сава изјави дека ги информирал странските претставници во Приштина, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и ЕУЛЕКС, дека е загрозен нормалниот живот во манастирот, а општина Дечани не само што не ги почитува законите, туку и отворено пропагира етничко чистење на територијата.

Општината е обземена од алчност да ја одземе манастирската земја и да ја приватизира, за да има добивка од неа, иако целиот случај се претставува како борба за ослободување на албански манастир од монаси, кои го окупирале, изјави за Танјуг игуменот на манастирот.

Фото: Рашко – призренска епархија

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски