Мали не го призна Косово, документот лажен

Од:

Република Мали не го признава Косово како независна држава, соопшти денеска претседателскиот кабинет на африканската држава и со тоа ги демантира наводите за признавањето.
Во соопштението се наведува дека кружи документ низ светот во кој пишува дека „Мали ја признал Република Косово“

„Сакаме категорично да демантираме дека тоа се има случено“ стои во соопштението.

„Во согласност со тоа претседателството на Мали сака да ја зивести меѓународната заедница дека претседателот не потпишал никаков документ со кој го признава Косово, и го задржува правото да го открие и пронајде авторот на лажниот документ“, се наведедува во соопштението.
Заменикот претседател на косовската влада Беџет Пацоли во Приштина држеше документ за кој кажа дека претставува писмено признавање на Косово од страна на Република Мали.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски